Пустината Сахара е атракција за туристи кои вообичаено поминуваат еден ден во неа качени на камили или возејќи се на моторчиња на четири тркала. Но, ако сакате поекстремно доживување на оваа пустина, тогаш може да ја поминете Сахара со најдолгиот воз во светот.

Train du Desert е најдолг воз на светот, долг 2,5 километри, кој 365 дена во годината сообраќа секое утро од Ноадибу – од западниот брегот на Атлантикот во Мавританија до рудниците за железна руда во Зуерат или Чум, во северозападниот дел на Мавританија.

Оваа рута возот ја сообраќа од 1963 година, вкупната должина изнесува 704 километри, а возењето трае околу 20 часа, за кое се поминува територијата на Западна Сахара. Потребни се околу 14 часа за да стигнете до Чум, а ако патувате до Зуерат патот трае околу 19 часа.

Возот годишно превезува околу 16 милиони тони железна руда и милиони патници, кои патуваат до пустински заедници отсечени и по 500 километри од урбаните средини.

Ако сакате да се возите во овој воз низ Сахара, најдобро е да се качите во возот на станицата во Чум до Ноадибу. Има посебни вагони за патници. Не грижете се за однапред купување на билети, билети можат да се купат внатре во возот. Исто така, се препорачува да не влегувате гладни, бидејќи може нема да ви се допадне идејата да јадете во воз полн со руда и прашина која лета наоколу. Облечете стара облека за ова прашливо патување, за да не си уништите нова облека.

И внимавајте – многу луѓе се качуваат на покривот на товарните вагони и така се превезуваат од една до друга станица, па за жал често се случуваат и несреќи.