Photo: Instagram @skybike_dubrovnik

По отварање на стаклениот видиковец во Макарска во 2020 година, од ова лето во Хрватска има нова адреналинска атракција –  Skybike Dubrovnik. Па, доживејте го Дубровник од сосема нова перспектива!

Skybike овозможува возење на велосипед во воздух над Дубровник, со уникатен поглед од птичја перспектива на Стариот град, возбудлива активност на отворено, која го комбинира возењето велосипед со глетки кои го одземаат здивот.

Ова несекојдневно искуство е за сите авантуристи од 16-годишна возраст па нагоре, се наоѓа на ридот Срџ (на 300 метри од Стариот град), а едно возење трае 30 минути, за кои се поминува должина од 150 метри, во два правци.

Photo: Instagram @skybike_dubrovnik

Возење во воздух е безбедно и удобно, велосипедите се специјално изработени за оваа намена, имаат егромски седишта и цврсти ремени со кои се прицврстени возачите.

Ако сакате да го испробате ова адреналиско доживување – ќе ве чини 30 евра, а возење може да резервирате овде:

Sky Bike

 

За стаклениот видиковец во Макарска, прочитајте овде:

Се отвара стаклен видиковец во Хрватска