Границите на ЕУ и Шенген зоната најверојатно ќе останат затворени до 15 Јуни 2020, откако Европската комисија ги повика овие земји да го продолжат ограничувањето на патувањата за уште нови 30 дена, а го образложи со тоа дека ситуацијата со пандемијата од Covid-19 и понатаму е опасна и во Европа и во останатиот дел од светот.
Па така, границите на ЕУ остануваат затворени за сите граѓани на трети земји кои не се дел од ЕУ, а се применува на надворешните граници на ЕУ, опфаќајќи ги и земјите од Шенген зоната кои се надвор од ЕУ: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцаријa.
Комесарката за внатрешни работи на ЕУ, Ylva Johansson изјави дека е потребена координација и постепен пристап за функционирање на шенгенскиот безвизен простор. Најпрво земјите ќе се отворат за патници кои доаѓаат од земји членки на ЕУ, а последен стадиум од оваа процедура ќе биде отварање на границите на ЕУ за жители на земји кои не се дел од ЕУ. Ова е со цел да се избегне втор бран на епдемијата во ЕУ земјите.
Европската комисија на 16 Март за првпат ги повика земјите членки на ЕУ да ги затворат своите граници како би се спречило ширењето на вирусот, а оваа мерка потоа беше повторно продолжена на 8 Април за нови 30 дена.