Photos from Unsplash.com

Дали сте слушнале за глампинг, нов вид на туризам? Заборавете на стариот, класичен начин на кампување, глампинг е новиот вид на отмено кампување, спој на природа, комфор и луксуз.

Зборот “глампинг” (glamping) e спој на гламур и кампување и претставува кампување за туристи со подлабок џеб, составен од луксузни шатори или куќички на дрво, опремени како хотели со 4 ѕвезди, стилски уредени, во кои наместо вреќи за спиење на под – има удобни кревети со меки ќебиња и свилена постелнина, а дел од нив содржат и кујна и тоалет со туш кабина, како и убаво опремен трем/простор за одмор.

Photo: Jonas Ducker from Unsplash.com

Глампинг најпрво се има појавено во Велика Британија, САД и Франција, а сега се развива и во многу други земји и претставува еден од најбрзо растечките видови на туризам во светот.

Photo: Li Yang from Unsplash.com

Овој вид на туризам привлекува туристи кои сакаат одржлив туризам и не сакаат да ја загадуваат животната средина, а голем дел од сопствениците на имотите на кои се наоѓаат глампинг сместувачките капацитети, одгледуваат храна од органско потекло, па за гостите приготвуваат квалитетна, домашна храна, што е уште еден “плус”.

Photo: Tatsuya Yagi from Unsplash.com

Глампинг воглавно е популарен помеѓу високообразовани и еколошки освестени туристи, љубители на природата, кои можат да си го дозволат овој начин на туризам, како и помеѓу парови кој сакаат да поминат романтичен одмор во природа.