Photos from Unsplash.com

Новата година се дочекува на различни начини насекаде во светот, некаде се дочекува со големи прослави и богати огномети, на други места е малку помала еуфоријата, а во некои земји влезот во новата година се означува со бизарни обичаи:

Перу

Секоја година на 31-ви декември, жителите на мало село во Перу се борат со тупаници – за да ги решат несогласувањата и да ја започнат новата година без спорови.

Панама

Во Панама за среќа во наредната година се палат фотографии и слики од познати личности или предмети.

Белгија

Во оваа држава среќна нова година им се посакува и на кравите. Земјоделците на 1-ви јануари ги посетуваат своите крави и им ја честитаат Новата година.

Данска

Данците на полноќ скокаат од стол и така буквално „скокнуваат“ во новата година, верувајќи дека скокањето од столици им носи среќа.

Швајцарија

За среќа во наредната година – се фрла сладолед на подот кога часовникот означува полноќ.

Photo: Eugene Zhyvchik from Unsplash.com

Шпанија

Во оваа земја традиција е секој да изеде 12 зрна грозје на полноќ, за да биде среќен 12 месеци во годината.

Франција

Во Франција е традиција да се јадат палачинки на новогодишната ноќ.

Грција

Грците покануваат посебен пријател или член на семејството да влезе прв во домот во новата година, за кој се верува дека ќе им внесе среќа и ќе спречи лоши работи.

Ирска

Во Ирска се фрла леб на ѕид за да се избркаат злите духови.

Велика Британија

Британците внимаваат кој прв ќе им дојде на гости, бидејќи тоа означува колку среќа ќе имаат во новата година. Ако на гости им дојде маж со подароци, тогаш тоа значи среќа во текот на новата година, но сметаат дека е лош знак ако првиот гостин е женско лице.

Photo: Kelsey Chance from Unsplash.com

Порторико

Во некои делови на Порторико од кофи се фрла вода низ прозорец – за  истерување на злите духови од куќата.

Еквадор

Новата година во Еквадор се слави со палење хартиени страшила на полноќ. Исто така, луѓето палат стари фотографии – за да заборават на минатото и новата година да им донесе среќа.

Филипини

За време на новогодишните празници на Филипините се’ мора да биде тркалезно – и садовите од кои јадете, и храната и облеката. Кругот е симбол на монети и со оваа традиција Филипинците повикуваат богатство.

Колумбија

Во оваа земја на 31-ви декември луѓето шетаат со куфери, надевајќи се дека годината што доаѓа ќе им донесе многу патувања.

Чиле

Во Чиле семејствата ја поминуваат Новата година спиејќи на гробишта, покрај гробовите на починати членови на семејството.

Јужна Африка

Во одредени делови на Јоханесбург во новогодишната ноќ се фрла мебел низ прозорец, што е особено опасно кога го практикуваат станари на високи згради.

А, за една од најубавите божиќни традиции во Исланд прочитајте на овој линк:

Исланд има една од најубавите божиќни традиции