Photo: Thought catalog/Unsplash

Следува еден од најубавите празнични периоди во годината, оваа година можеби малку поинаков од минатите години, но сепак вреди да се одбележи со традиционалните обичаи.

Ви претставуваме една од најубавите божиќни традиции – Jolabokaflod:

На Исланд книгите се разменуваат како подароци за Бадник, а потоа остатокот од ноќта го поминувате седнати покрај камин, читајќи ги и пиејќи топло чоколадо или какао. Оваа традиција е наречена “Jolabokaflod” или “Божиќен потоп од книги”, затоа што Исланд, кој објавува поголем број на книги по глава на жител од која било друга држава во светот, продава најголем дел од своите книги помеѓу Септември и Ноември, бидејќи во тој период луѓето се подготвуваат за претстојниот празник.

Photo: Andreea Radu/Unsplash

Традицијата “Jolabokaflod” започнала за време на Втората светска војна, кога хартијата била една од ретките работи што не недостасувале на Исланд. Поради недостиг на други производи, Исланѓаните започнале да подаруваат книги, претворајќи го Исланд во земја на книгохоличари.

Истражување од 2013 година спроведено на Универзитетот “Bifröst” покажало дека 50% од Исланѓаните читаат повеќе од осум книги годишно, а 93% читаат барем една, што значи дека на Исланд скоро и да не постои жител кој не прочитал барем една книга во годината.

Убава традиција која би можеле да ја започнеме и кај нас оваа година, зар не?!