Турска чаршија, Скопје Photo: Robert Bahn/Unsplash

За секој патник кој е стотици километри далеку од својот дом, големо олеснување е кога патува во земја каде народот е пријателски настроен кон странците, всушност тоа е и еден од приоритетите на сечија листа за посета на една од 197-те земји во светот.

На листата која ја има изработено Светскиот економски форум “WEF” за најпријателски расположени земји во светот кон туристи и странци, Македонија котира многу високо и се наоѓа во првите 5 рангирани земји, со што се потврдува нашето надалеку прочуеното гостопримство, па оваа листа треба да послужи како поттик за поголем развој на македонскиот туризам и зголемување на бројот на странски туристи.

Топ 10 најпријателски расположени земји во светот:

1. Исланд

2. Нов Зеланд

3. Мароко

4. Македонија

5. Австрија

6. Сенегал

7. Португалија

8. Босна и Херцеговина

9. Република Ирска

10. Буркина Фасо

Значи ако сакате да бидете најдобро третирани и да комуницирате со пријателски настроени локалци, вашето наредно патување нека биде во една од овие 10 земји.