Колумбиската населба Македонија во Амазонија е дом на Tикуна – едно од најрепрезентативните домородни племиња во Амазон. Најголем број на Тикуна членови има во Бразил, но исто така големи заедници на ова племе има и во Перу и Колумбија.
Во денешно време ова племе веќе не живее како во минатото, тие имаат регуларен контакт со сите жители на Колумбија – само преку воден пат, не ловат за да се прехранат и најчесто се облечени во секојдневна памучна облека, а домовите имаат електрична струја и кабловска телевизија. Тикуна луѓето се одличен спој на традиционалниот со модерниот начин на живот.
Исто така, Македонија е првата заедница во Амазонија која произведува своја чиста, безбедна вода за пиење, за околу 1000 жители.
Во населбата Македонија има болница и училиште каде се учи на шпански и тикуна јазик. Тикуна јазикот е изолиран јазик, кој не е сличен на ниту еден друг јазик, земајќи во предвид дека ова племе живеело изолирано со векови, пред Европјаните да стапнат на оваа територија.
Може да ја посетите Македонија во Амазонија, туризмот има голема улога во опстанокот на оваа населба. Населението е гостопримливо, се радуваат на секој турист, а жените се облекуваат во традиционална облека и пеат и танцуваат пред гостите.
Ако се прашувате зa името – не се знае како оваа населба сред Амазонија го добила името Македонија, бидејќи нема никаква поврзаност со Македонија и со Балканот, а и не постои некаква приказна или пишан документ за потеклото на името, ниту пак се знае кој бил кумот.
Погледнете како изгледа животот во Македонија во Амазонија: