Photo: Hal9001/Unsplash

Авио-порталот Sierra5 објави дека во Словенија е основана нова авиокомпанија наречена “South East Airlines”.

Оваа авиокомпанија било планирано да се оформи уште во 2019 година, а првиот комерцијален лет ќе го има во јуни оваа година.

SouthEast Airlines” најпрво ќе започне со чартер летови со Ербас А320, за што ќе бидат ангажирани околу 35 вработени. Првенствено ќе работи во Југоисточна Европа – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Грција и Турција.

Инаку, по банкротирањето на “Adria airways”, Словенија нема национална авиокомпанија.