Photo: A.Petrovska www.patokolusvetot.mk

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air како што најави, по добивање на тендерот на македонската влада за нови субвенционирани авиолинии од Скопје во времетраење од три години, ги објави датумите за почеток на летовите од Скопје до Љубљана и Луксембург.

Летовите од Скопје за Љубљана ќе започнат на 27 септември 2023, на почеток ќе сообраќа двапати неделно, а од 31 октомври ќе се зголемат на трипати неделно. Летовите ќе се одвиваат со авион Ербас А321.

Летовите за Луксембург ќе започнат на 18 декември 2023, три пати неделно со авион Ербас А320.

Авионски карти за овие линии веќе може да се купат на веб сајтот на Wizz Air.

Исто така, Wizz Air треба да објави датуми за почеток на летови од Скопје за Штутгарт и Салцбург, кои ќе сообраќаат од ноември 2023, трипати неделно.

Авиокомпанијата ќе го стационира својот шести авион во Скопје и ќе ги зголеми фреквенциите на девет постоечки линии: Дортмунд, Бремен, Меминген, Берлин, Баден-Баден (Германија), Рим Фиумичино (Италија), Брисел Шарлроа (Белгија), Братислава (Словачка) и Ајндховен (Холандија). Летовите за Берлин, Ајндховен и Брисел ќе сообраќаат секојдневно.