Симулација изработена од Машинскиот факултет на универзитетот „Пурдју“ (Purdue University’s school of Mechanical Engineering) во САД прикажува како капки од кашлица може да се шират во кабината на авион “Boing 767”.
Видеото не е изработено за Covid-19, студијата е направена во 2014 година од страна на Универзитетот во соработка со инженери на “Боинг”, во обид да утврдат дали менувањето на системот за вентилација во авионот, ќе влијае на ризикот од заразување со САРС – користен овде како пример за други заразни болести.
Видеото прикажува симулација колку далеку може да се прошират невидливите капки од една кашлица на лице кое седи на средното седиште во средниот ред на патничката кабина (во видеото капките се обоени со виолетова боја), кои потоа се шират до седиштата во предниот и задниот дел на авионот. Ова може да се земе во предвид како би се ширел и Covid-19 во истиот простор.
Авиокомпаниите кои се едни од најпогодените од пандемијата на Covid-19, во последниов период ја проверуваат безбедноста на летањето и ги уверуваат патниците дека користат специјални филтри за воздух кои го минимизираат ризикот од заболување и дека е безбедно да се лета.
Но, експертите велат дека сè уште постои значителен ризик патниците да се инфицираат, дури и ако системите за вентилација успешно го филтрираат воздухот во кабината, пренесува „Вашингтон пост“.
Овие високо-ефикасни филтри за честички во воздухот (ХЕПА), имаат милиони слоеви за ловење на честичките во воздухот кои се вшмукуваат со воздух од авионските мотори – создавајќи мешавина од свеж и рециклиран воздух, објави “Вашингтон пост”.
Но, и ако овие филтри бидат ефикасни при филтрирање на воздухот низ кабината, патниците сепак се изложени на ситните капки од кашлица или кивавица пред да можат тие да се испуштат надвор од кабината и да се филтрираат.
Светската здравствена организација соопшти дека коронавирусот не е воздушен и не се шири меѓу луѓето кои се оддалечени повеќе од шест метри.
Но, некои студии сугерираат дека капките што содржат COVID-19 можат да патуваат подалеку од шест метри и можат да опстојуваат во воздухот во аеросолна форма.
Кингјан Чен (Qingyan Chen) професор по инженерство од универзитетот „Пурдју“, изјави за „Пост“: „ Да бидам искрен, авионите не се дизајнирани за да спречат пренесување на заразни болести. Тие не се дизајнирани за оваа работата “.
Дополнително на овa – студија објавена овој месец во „Журнал за заразни болести (“Emerging Infectious Diseases Journal”) наведува дека централна климатизација помогнала да се заразат 9 лица со Covid-19 во ресторан без прозори во Гуангжу, Кина, во месец Јануари.