Photo: Chronis Yan/Unsplash

Сараево и Мостар се најчести градови кои ги посетуваат туристите кога се во посета на Босна и Херцеговина, но оваа земја има уште многу други места кои треба да се доживеат, а дел од нив ќе ве остават и со подотворена уста.

Роберт Дачешин – дигитален маркетар, меѓународен тениски судија и светски патник, кој досега има пропатувано 58 земји во светот и има напишано три книги: “Прв туристички водич за Бања Лука”, патепис за Јужна Америка – “Писма од Јужна Америка” и “Водич за патување низ Босна и Херцеговина”, на својот Youtube канал ни ги доловува 10-те најубави места во неговата родна земја, кои морате да ги посетите кога еднаш ќе стапнете таму.

Погледнете што се’ треба да посетите и направите во овие 10 најубави места во Босна и Херцеговина:

  1. Јајце – најомилен мал град во БиХ, со само 30.000 жители
  2. Јаподски Острови – може да преноќите во вистинска куќичка на дрво.
  3. “Истанбул” – Бункерот на Тито (туристичка тура низ бункерот трае 2 часа и чини 10 евра)
  4. Сараево и Бања Лука
  5. Прокошко езеро – т.н Швајцарија во БиХ
  6. Требиње – каде се чувствува морскиот воздух од морето оддалечено само 10км.
  7. Планини – Прењ (Босански Хималаи), Јахорина, Зеленгора…
  8. Водопадот Штрбачки Бук во Националниот парк “Уна” – висок 24,5 метри.
  9. Национален парк “Сутјеска”
  10. Диви коњи во Ливно – има околу 700 диви коњи, кои иако се диви – може да ги нахраните од рака.
Photo: Lili Popper/Unsplash

Откако го изгледавте видеото, не се сомневаме дека веднаш посакавте да тргнете на пат за Босна и Херцеговина и да уживате во прекрасната природа, планинските пејзажи, погледот на дивите коњи, вкусната храна и вино, како и да се вратите во времето на Југославија со посета на бункерот на Тито и гратчето Јајце. Не сте единствени. 🙂