Photo: Facebook page The Andover Catfee AndoverCatfe

Ако ви треба бегство од брзото и стресно секојдневие, тогаш треба да размислите да резервирате место во едно од новите светски атракции – кафуле со мачки. (Cat cafe)

Photo: Dragica Farren

Додека на нашите простори мачките и кучињата по улиците се секојдневие, но и голем проблем, тука во Англија работите се поинакви – улиците се празни, нема бездомни животни, мачките и кучињата се сместени исклучиво во домовите како миленици. Но, има многу луѓе кои не можат дома да чуваат миленик, па Cat cafe е одлична идеја да се помине еден час опкружен со мачиња.

Photo: Facebook page The Andover Catfe

Идејата на овој вид на кафуле е да понуди ново доживување на посетителите и убава, уникатна интеракција со малите, мили топчиња од крзно, додека се пие кафе или чај со парче торта, без обврски, но и со можност за посвојување на некое од мачињата.

Photo: Facebook page The Andover Catfe

Мачките се познати по тоа што делуваат доста смирувачки, терапевтски и го доведуваат човекот во една благосостојба на постоење – и тоа веднаш, во истиот момент кога ќе почнете да си играте со нив.

Во тоа се уверивме и ние кога решивме да го посетиме новоотвореното кафуле со мачки во нашиот град во Англија – “The Andover Catfe”. Во ова кафуле живеат десетина мачки, постојано негувани, а просторот е целосно уреден според нивните потреби, па има многу реквизити за играње, како и мрежи и дрвени конструкции за качување на различни висини. Инаку, овој концепт на кафулиња е во експанзија низ целиот свет, па може да уживате во кафе додека галите маче и во: Австрија, Белгија, Италија, Холандија, Полска, Русија, Словачка, Украина, Дубаи, САД, Мексико, Нов Зеланд, Тајланд, Сингапур, Јапонија, Канада…

Photo: Dragica Farren

Кога ќе влезеш во кафулето и ќе се затвори неговата влезна врата, како да го оставаш целиот свој црно – бел свет надвор и се втопуваш во една друга димензија, во светот каде мачките се господари на оваа планета, а ние само нивни поданици и обожаватели.

Автор на текст: Драгица Фаррен

©patokolusvetot.mk  Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон