Photo: Gorjan Ivanovski/Unsplash

Нови сет мерки за надминување на кризата од Covid-19 денеска презентираше техничкиот премиер Оливер Спасовски кои го вклучија и зајакнувањето на домашниот туризам.

Околу 100.000 македонски граѓани оваа година ќе добијат ваучер за домашен туризам во вредност од 6.000 денари и платежна картичка за купување на домашни производи во вредност од 3.000 денари. Овие поволности ќе може да ги користат сите вработени граѓани кои имаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи според УЈП. Ваучерот ќе може да се искористи во хотели и останати сместувачки капацитети во државава.

Со оваа мерка се поддржува домашниот туризам и им се овозможува на граѓаните со најниски месечни примања да одморат во некој од нашите туристички центри.

Photo: Antonio Stojceski/Unsplash