Полињата со илјадници лалиња во различни бои се туристичка атракција во Холандија и секоја година ги посетуваат голем број на туристи, за да уживаат во прекрасната глетка и да споделат убави фотографии од ова доживување. Но, оваа година заради пандемијата од Covid-19 и овие полиња останаа затворени за туристите од цел свет.
Затоа, дел од холандските фармери кои работат на полињата со лалиња решиле да го искористат моментот на празните полиња и непречено да изработат порака до сите оние кои планирале да ги посетат овие полиња. На поле со лалиња напишале: “See you next year” = “Се гледаме наредната година”, a под текстот има срце од црвени лалиња:
Пораката која ја споделиле под оваа фотографија е следна:
“Поради Covid-19 плановите за патувања се променија. Многу од вас планираа да патуваат во Холандија за да ги видат полињата со лалиња во цут. За жал, ова не е можно годинава. И многумина од вас нема да го видат цветното поле во целосен цут…
Оваа недела холандското семејство Дафодилс и @tulipsinholland се здружија за да создадат нешто за сите луѓе кои требаше да ја посетат Холандија. Можеби ви недостасува Холандија, но и вие ни недостасувате на нас!
Оваа Недела ја поминавме со семејствата во полињата со лалиња за да создадеме нешто специјално за вас. Ги отворивме лалињата малку порано за да ја напишеме оваа порака. Од нашите семејства до вашето!
Се надеваме дека ова малку ќе ви го разубави денот и се надеваме дека ќе се видиме следната година! Со многу љубов! ❤️ Холандски Дафодилс & @tulipsinholland.”