Постојат многу интересни факти и приказни за пирамидите во Египет, започнувајќи од тоа дека се гробници на фараоните, до тоа дека се изградени од вонземјани. Несомнено, пирамидите привлекуваат сечие внимание, а се уште постојат многу неоткриени и необјаснети работи за нив.
Ова се неколку интересни факти за египетските пирамиди:
1. Иако се најпознати трите пирамиди во Гиза: Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата пирамида, на целата територија на Египет откриени се повеќе од 100 пирамиди.
2. Пирамидите во Гиза ги чува огромна Сфинга, кип со тело на лав и глава на човек. Се верува дека нејзиното лице го претставува фараонот Кефрен или неговиот син. Археолозите сметаат дека лицето и телото на Сфингата биле обоени во црвена боја, брадата во сина, а косата/фризурата во жолта боја.
3. Најголема и највисока пирамида е Кеопсовата, со висина од 138,8 метри.
4. Најстара пирамида е Џосеровата, изградена околу 2780 год пр.н.е, a за последна изградена пирамида се смета пирамидата на фараонот Пепу II кој владеел од 2278 до 2184 год. пр.н.е.
5. Трите пирамиди во Гиза според својата локација се ускладени со соѕвездието Орион. Ова соѕведие се поврзувало со Озирис – богот на задгробниот живот.
6. Иако постои верување дека пирамидите се гробници на фараоните, до сега не е пронајдена ниту една мумија во ниту една пирамида.
7. За да се изгради една пирамида биле потребни околу 20 години, на која работеле околу 4.000 работници.
8. Пирамидите ги граделе платени работници (физички работници и уметници), а не робови или заробеници.
9. Иако се наоѓаат среде пустина, внатрешноста на пирамидите не надминува 20-тина Целзиусови степени.
10. Денес, за жал, не е зачуван завршниот слој на површината на пирамидите, кој бил сјаен, високо полиран бел камен.
11. Изградба на една ваква пирамида во денешно време би чинела околу 5 милијарди долари и би се изградила за 5 години, имајќи во предвид дека би се користеле камиони, кранови и хеликоптери кои пред 4.500 години не постоеле.
12. Иако често се поврзуваат пирамидите со хиероглифи, нема пронајдени хиреоглифи на ѕидовите во внатрешноста на големите пирамиди во Гиза.
Инаку, мумии на владетелите на Египет се пронајдени во гробниците кои се сместени во Долината на кралевите, а една таква фараонска гробница може да погледнете овде: