Древната египетска култура никого не остава рамнодушен, а ова особено важи за пирамидите и фараонските гробници во Долината на кралевите, кои несомнено треба да се посетат барем еднаш во животот.

Постојат различни теории за египетската цивилизација која била премногу напредна за времето во кое постоела, постојано се прават нови истражувања, се откриваат нови гробници и досега неоткриени простории во веќе одамна откриени гробници, па Египет никогаш не престанува да не’ фасцинира.

Покрај Тутанкамоновата гробница која е откриена сосема случајно во 1921 година, единствена до сега откриена како што била запечатена откако бил погребан фараонот Тутанкамон во неа (за среќа не била ограбена во претходните векови на нејзиното постоење), исто така една од најубавите фараонски гробници е и гробницата на Рамзес VI од 1141 год пред нашата ера. Оваа гробница за разлика од Тутанкамоновата, била ограбувана повеќе пати во текот на нејзиното постоење, за што сведочат во неа графитите оставани низ вековите на старогрчки, латински и коптски јазик, но е сосема солидно зачувана.

Гробницата на Рамзес VI е една од најинтересните гробници во Долината на кралевите, со живописни цртежи и хиреоглифи на ѕидовите, а сега може и виртуелно да се посети на линкот: ТУКА

Уживајте во раскошната египетска култура од вашите домови и во првата можност која ќе ви се пружи, не се двоумете да ја посетите оваа фасцинантна земја.