Одеднаш Дизниленд веќе не е волшебен,
Париз повеќе не е романтичен,
Њујорк нема гужви,
Кинескиот ѕид веќе не е тврдина,
а Мека е празна.
Прегратките и бакнежите одеднаш станаа оружје,
а непосетувањето на родителите и пријателите стана чин на љубов.
Одеднаш сфаќате дека моќта, убавината и парите се безвредни и
дека не можат да ви го дадат кислородот за кој се борите.
Земјата (природата и животинскиот свет) го продолжува својот живот
и е прекрасно. Само луѓето ги стави во кафези.
Мислам дека Земјата ни прати порака:
” Не сте неопходни. Воздухот, земјата, водата и небото и без вас се добро.
Кога ќе излезете од кафезите запомнете дека сте мои гости. Не мои господари!”
Автор: Haroon Rashid
Уредено: Francesca Melandriu