Во кој месец од годината може за првпат да ја отворите сезоната на пливање во Грција во Егејското море? Според дадените просечни температури на водата, пријатно за пливање започнува да биде во месец Јуни, а идеално за пливање е од Јули до Септември.
Ова се просечните температури на водата во Егејското море за секој месец од годината:
ЈАНУАРИ – Просечна температура од 12,5 °C до 18°C – ладно за пливање
ФЕВРУАРИ – Просечна температура од 11,6 °C до 17,2°C – ладно за пливање
МАРТ – Просечна температура од 11,9 °C до 17,2°C – ладно за пливање
АПРИЛ – Просечна температура од 13,4 °C до 17,7°C – ладно за пливање
МАЈ – Просечна температура од 17,5 °C до 20,2°C – прилично ладно за пливање
ЈУНИ – Просечна температура од 21,8 °C до 24,3°C – пријатно за пливање
ЈУЛИ – Просечна температура од 23,9 °C до 26,4°C – идеално за пливање
АВГУСТ – Просечна температура од 24,6 °C до 27,3°C – идеално за пливање
СЕПТЕМВРИ – Просечна температура од 22,4 °C до 26,8°C – идеално за пливање
ОКТОМВРИ – Просечна температура од 20,1 °C до 23,9°C – пријатно за пливање
НОЕМВРИ – Просечна температура од 16,2 °C до 21°C – прилично ладно за пливање
ДЕКЕМВРИ – Просечна температура од 13,8 °C до 18,9°C – ладно за пливање
Сезоната за пливање во Егејското море трае од Јуни до Октомври.