Photo: Facebook/ City of Macedonia Ohio

Македонија во државата Охајо во САД е мало, мирно место кое постои од 1962 година, а станал град во 1970 година. Според пописот од 2010 година, во Македонија во Охајо живеат 11.188 жители.

Зафаќа површина од 25,25 км2, од кои 25,15 км2 се копнена површина, а 0,10 км2 водена површина. 41,2% од населението е со високо образование.

Името Македонија се смета дека го добило по интерна шега помеѓу студенти по благословие на колеџот “Western reserve” од Хадсон во Охајо, кои на почетокот на XIX век биле повикани да одржат проповед во мало место на 10 км на север, каде се потсетиле на главата 16 од Библиските дела на светите апостоли, во која е спомната Македонија:..“По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфатив­ме дека Господ не’ повикал таму да го разгласиме Евангелието.“ Според ова – местото било наречено Македонија.

Градот е мирен, идиличен, со куќи и зеленило, со 3 полициски станици и посебен дел од градот за шопинг во кој ги има најпознатите американски ланци на маркети.

Погледнете како изгледа Македонија во Охајо: