Феноменот наречен Сингапур, земја која успеа за 50 години да се трансформира од сиромашна во една од најголемите светски економии! Како? Со строги закони, со апсење на криминалците, индустријализација, нови работни места, евтина здрава храна (овошје и зеленчук), здрава животна средина, но и станови кои повеќе не се мерат во м2, туку со колку зеленило се опкружени – нареченo биофилен дизајн (biophilic design).
Сингапурската болница Khoo Teck Puat e најбиофилната болница во Азија, со повеќе од 700 видови на автохони растенија кои растат на нејзината површина. Со овој зелен дизајн кој освен лисја и кора, содржи и птици и инсекти, болницата постигнала намалено ниво на стрес на пациентите, како и користење на помали дози на лекови против болка.
Сепак, врв на биофилен пристап се Градините покрај заливот (Gardens by the Bay) – урбана дневна соба на градот, прво место кое го посетува секој турист во Сингапур:
Have you heard of biophilic design?📕 Read more: https://buff.ly/34Lxz0m
Geplaatst door World Economic Forum op Zaterdag 10 oktober 2020
Секоја чест!