За првпат после 109 години традиционално одржување, оваа година не се одржа познатиот Бразилски карневал во Рио де Жанеиро.
Местото каде што се одржува натпреварот на карневалот, познато како Самбодром, оваа година е претворено во drive-in центар за вакцинирање против Covid-19.
Самбодромот е изграден во 1984 година, по проект на познатиот архитект Оскар Нимаер, со единствена намена – парадна област за годишниот карневал во Рио и собира повеќе од 10.000 гледачи.
Секако, по улиците на Бразил сега недостасуваат и илјадниците туристи, кои секоја година ја темпираа својата посета на Бразил со карневалот.
Инаку, до сега од Covid-19 во Бразил починале 240.000 жители, што ги натера градските власти да ја прекинат традицијата на карневалот започната во оваа форма од 1917 година.
Вака изгледаше карневалот последните неколку години:
Се надеваме дека од наредната година повторно ќе може да уживаме во раскошните маски, танцот и заразниот ритам на овој карневал.