Photo: Lisa Boonaerts from Unsplash.com

Со почеток на 2024 година, од 1 јануари во Грција започнува да се наплаќа такса за туристички престој со повисока цена од претходно. Оваа туристичката такса е објаснета како отпорност на климатската криза и изнесува од 50 центи до 10 евра од ден за соба/сместувачки капацитет. Инаку, досега во Грција се плаќаше такса за престој, воведена во 2016 година, која изнесуваше од 50 центи до 4 евра во зависност од туристичкиот објект.

Министерската одлука е објавена во Службен весник во Грција, гостите таксата ќе ја плаќаат на рецепција во туристичкиот објект, на крај од нивниот престој, а важи за сите сместувачки капацитети, вклучувајќи го и Airbnb.

Таксата е со различен износ во зависност од периодот на престој:

 За престој од Март до Октомври:

–  Хотели 1-2 * – 1,5 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 3* – 3 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 4* – 7 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 5* – 10 евра по соба од ноќевање
–  Студија и апартмани – 1,5 евра по соба од ноќевање
–  Вили – 10 евра по соба од ноќевање

 

За престој од Ноември до Февруари:
–  Хотели 1-2 * – 0,5 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 3* – 1,5 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 4*- 3 евра по соба од ноќевање
–  Хотели 5* – 4 евра по соба од ноќевање
–  Студија и апартмани – 0,5 евра по соба од ноќевање
–  Вили – 4 евра по соба од ноќевање