Photo: Kevin Hackert from Unsplash.com

Една од најдобрите авиокомпании во светот Turkish Airlines воведе нова услуга од 1 јуни 2023. Услугата им овозможува на патниците кои летаат со оваа авиокомпанија да уживаат во Истанбул ако имаат стоповер (транзит, конекција помеѓу два лета) во овој град подолг од 20 часа.

Оваа стоповер услуга им овозможува на патниците од економска класа бесплатно да уживаат една ноќ во Истанбул во хотел со 4 ѕвезди, а патниците од бизнис класа имаат право на две бесплатни ноќевања во хотел со 5 ѕвезди.

Услугата важи само за патници кои имаат поврзување на летови на Istanbul Airport, со тоа што и поаѓањето и враќањето мора да бидат преку Истанбул и патувањето мора да започне и да заврши во иста држава, а може да се искористи само еднаш за време на патувањето – појдовно или повратно патување.

Ова е одлична можност со минимален транзит престој од 20 часа да го прошетате Истанбул и да уживате во неговата богата историја, традиција и култура, како и да ја пробате вкусната турска храна со турско кафе, чај и локум.

Подетално за оваа услуга може да прочитате на веб сајтот на Turkish Airlines.