Илустрација Photo: Richard Gatley/Unsplash

“Не пијте вода или која било друга течност ако не е во лименка или затворено пластично шише” е еден од советите кои ги сподели стујардесата Kat Kamalani во видео на TikTok.

Таа сподели информации кои не ги знаат патниците:

Правило број еден – никогаш не конзумирајте вода или друга течност која не е во лименка или во затворено пластично шише, бидејќи резервоарите во кои се чува водата во авионот никогаш не се чистат (освен ако се расипат). Им даде совет на родителите кои патуваат со мали деца никогаш да не бараат од стујардеса да им го наполни бебешкото шишенце со вода, туку да побараат да им донесе вода во затворено пластично шише, па од него да претурат вода во шишето за детето.

Исто така, Kat сподели и дека најголем број од стујардите/стујардесите многу ретко пијат чај или кафе во авион, бидејќи тие се приготвуваат со топла вода од апарати кои ретко се чистат, а и најчесто се сместени пред тоалетот:

@katkamalani

Just promise me you won’t 🤢 #flightattendantlife #travelhacks #traveler #cleaninghacks #influencers #foodhack

♬ original sound – Kat Kamalani

Со ова нејзино тврдење за лошиот квалитет на водата за пиење во авионите се поклопило и истражувањето спроведено од страна на Hunter College NYC i DietDetective.com кои анализирале квалитет на водата во 23 авиокомпании. Според истражувањето кое се бодувало од 5 (најдобра вода) до 0 (најлоша вода) , просечен резултат бил 3 – релативно циста вода за пиење. Од 10 авиокомпании, 7 авиокомпании добиле оцена помала од 3. Квалитетот на водата се разликува во зависност од авиокомпанијата.

Американската влада во 2011 година вовела правило за пијалоците во авионите (ADWR) според кое треба да се тестираат залихите на вода од штетни бактерии, а резервоарите за вода треба најмалку 4 пати годишно да се дезинфицираат.