Колку често и да патуваме со авион – и на кратки и на долги летови, сепак пред секое патување со авион постои доза на страв и несигурност кога ќе се одвоиме од тлото на земјата. Секако смирувачки делува ако авиокомпанијата со која летаме е рангирана што погоре на листата на најсигурни авиокомпании во светот.
Airline Raitings.com е веб сајт чија дејност е оценка на безбедноста на патувањата со авион и секоја година изработува листа на најбезбедни авиокомпании во светот. За да се изработи оваа листа, Airlines Raitings анализираат 385 авиокомпании според повеќе фактори на безбедност: број на несреќи и сериозни незгоди, ревизија на управните органи на компанијата, државна ревизија, иницијатива за безбедност и старост на флотата со која располага авиокомпанијата.
Оваа година за најбезбедна авиокомпанија во светот е прогласена австралиската Quantas, a Топ 20 листата на најбезбедни авиокомпании за 2021 изгледа вака:
- Qantas
- Air New Zealand
- Singapore Airlines
- Emirates
- EVA Air
- Etihad Airways
- Alaska Airlines
- Cathay Pacific Airways
- British Airways
- Virgin Australia
- Virgin Atlantic
- Hawaiian Airlines
- Southwest Airlines
- Delta Air Lines
- American Airlines
- SAS
- Finnair
- Lufthansa
- KLM
- United Airlines
Од наведените 20 најбезбедни авиокомпании – од нашиот аеродром Skopje International Airport моментално имаат воспоставено редовни авионски линии: Lufthansa, Finnair, Etihad Airways и SAS.
На следниот линк од Airline Raitings може да најдете листа на сите 385 авиокомпании и да видите како се оценети, како и да направите споредба на една со друга авиокомпанија според повеќе параметри, меѓу кои и превземени безбедносни мерки против ширење на Covid-19: