Спојот на Атлантскиот и Тихиот океан е навистина многу интересна и несекојдневна глетка. На место во близина на ‘ртот Хорн, каде се судираат Атлантскиот и Тихиот океан, границата меѓу двата океани е видлива како на нацртана географска карта и изгледа како водите на океаните да не се мешаат една со друга.

Овој интересен феномен на “немешање” на двата океана е видлив само одреден период, бидејќи водите на Атлантскиот и Тихиот океан сепак се мешаат, но тој процес трае малку подолго од очекуваното, заради дифузијата и физичката агитација, т.е физичкото влијание врз мешање на водата: брановите, струјата, ветровите, како и густината на двете води. Густината и бојата на океанската вода зависи од процентот на салинитет на водата, како и од приливите на слатките води од топење на глечери и од поголеми реки кои внесуваат одредена количина на глина во океанот.

Оваа интересна појава може да се доживее во живо ако се плови со брод во близина на најјужниот ‘рт во Јужна Америка.