Photo: Youtube video screen shot

Не можеме да останеме рамнодушни на видеото за Македонија кое го објави светскиот патник Роберт Дачешин, по неговата прва посета на нашата земја, каде истакнува дека по неговата родна земја Босна и Херцеговина, Македонија е негова омилена дестинација од сите држави во поранешна Југославија.

“Причината за тоа се неверојатните локации што ги посетивме, вкусната храна што ја пробавме, како и прекрасните луѓе на кои наидовме речиси на секој агол и она што можам да го кажам овде јавно пред сите е дека на крајот од патувањето, јас останав вљубен во оваа земја и она што го нуди”, вели Роберт и продолжува:

“Ако постои некоја земја од поранешна Југославија во која сум заљубен и која ме освоила на толку многу начини, тоа е Македонија, а еве што треба да видите кога ќе дојдете во неа:”

Роберт навистина прекрасно ја долови нашата убава држава, па се надеваме дека многу набрзо ќе не’ посети повторно.