Украинската авиокомпанија “Windrose” оваа недела започнува да лета од Скопје. На 6-ти Декември (недела) 2020 стартува авио линија меѓу Скопје и Киев, објави EX-YU Aviation.
На веб страната на авиокомпанијата може да се купат авионски билети за овие летови, кои ќе се одвиваат двапати неделно – во четврток и недела, a моментално цената на повратен билет е околу 240 евра. Летовите ќе се опслужуваат со авион Embraer E145 со 49 седишта, а летот во еден правец трае околу 2 часа и 10/20 минути.
Од Украинската амбасада во Македонија се надеваат дека оваа услуга ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на деловните врски, развој на туризмот во двете земји и запознавање на македонските граѓани со Украина и обратно.