IATA (International Air Transport Association) објави интерактивна мапа на светот за патувања со вметнати регулативи за Covid-19. На мапата се дадени сите држави во светот и со кликнување на која било држава – се отвара објаснување дали во моментот може да влезете во таа држава, кои се рестрикциите кои ги наложува државата (дали е воведен карантин за патниците и сл.), како и дали е отворен авиосообраќајот. Мапата се обновува постојано, како што се менуваат регулативите на секоја држава.

На пример, ако кликнете на Македонија ќе ви се отвори дека границите се затворени и не може да се влезе, но ова не важи за македонските граѓани, како и акредитирани дипломати и патници со специјална дозвола за патување добиена од Министерството за надворешни работи.

На мапата државите се обележани со различна боја во зависност од степенот на рестрикции, па така со бела боја се обележани државите кои во моментот имаат измени на регулативите, со светло сина боја се обележани државите кои немаат никакви регулативи за Covid-19, со сина боја се обележани државите кои спроведуваат делумни рестрикции, а со темно сина боја – државите кои имаат превземено најстроги мерки.

Мапата може да ја разгледате на овој ЛИНК