Photo: Dim Hou/Unsplash

Грција ги отвори своите граници за влез на македонските граѓани од 14 мај, а покрај важечки пасош, ова се новите потребни документи за влез, без разлика на државјанство и вид на превоз (автомобил, автобус, брод, авион):

  1. Пополнет формулар – Passenger Locator Form (PLF). Формуларот за пополнување се наоѓа на овој линк: https://travel.gov.gr
  • Формуларот се пополнува најмалку 24 часа пред да влезете во Грцијa.
  • Едно семејството пополнува еден PLF формулар. Исто така, секој возрасен може да пополни посебен формулар.
  • По пополнување на формуларот, на e-mail адресата која сте ја впишале ќе добиете QR код кој може да го отпечатите или да го покажете на вашиот мобилен телефон при влез во Грција.

2. Вакцина или Негативен PCR тест или Серолошки тест или Зелен пасош:

  • Потврда за целосна вакцинација со која било вакцина за Covid-19 (Pfizer BioNtech, Moderna, Astra Zeneca/Oxford, Novavax, Johnson + Johnson/Janssen, Sinovac Biotech, Gamaleya (Sputnik), Cansino Biologics, Sinopharm among others). Потребно е да се поминати најмалку 14 дена по примена втора доза од вакцината. Потврдата содржи QR код кој кога ќе се вчита покажува дека вашата вакцинација е валидна.
  • Негативен PCR тест кој не смее да биде постар од 72 часа. Ваков тест е потребен за сите лица постари од 5 години и треба да биде на англиски, германски, француски, италијански, шпански или руски јазик.
  • Серолошки тест – потврда за антитела дека сте биле заразени со вирусот во рок од два до девет месеци пред влез во Грција. Треба да биде на англиски, германски, француски, италијански, шпански или руски јазик.
  • Дигитален зелен сертификат (Зелен пасош) – од 1 јуни 2021 година.

 Забелешка: При влез во Грција се прават брзи тестови по случаен избор на патник, кои се бесплатни за туристите, а резултатот од ваков тест е готов за 10-15 минути.