Photo: Nick Karvounis/Unsplash

Институтот за економија и мир (Institute for Economics and Peace) објави извештај со овогодинешно рангирање на најбезбедни држави во светот. Институтот претставува независна, непартиска и непрофитна организација која го има светскиот мир во фокусот, како мерка за човечка благосостојба и напредок.

Во извештајот се вклучени 163 држави, кои се рангирани според следните фактори: Број на внатрешни и надворешни насилни конфликти, Ниво на недоверба, Политичка нестабилност, Потенцијал за терористички акти, Број на убиства и Воени расходи како процент од БТП.

Мнозинство од прворангираните 25 најбезбедни држави во светот се наоѓаат во Европа. Европа е единствениот континент кој нема забележано опаѓање на безбедноста од 2009 година. Втор најчест регион во првите 25 земји е Азија. И во Европа и во Азија стапката на убиства е 3 на 100.000 жители.

Норвешка, Шведска, Данска, Исланд и Финска се наоѓаат во првите 25 најбезбедни земји во светот, па затоа овој регион се смета на најбезбеден во светот. Стапката на убиства во нордиските земји изнесува 0,8 на 100.000 жители. Исто така, овие 5 земји се наоѓаат во топ 10 листата на најсреќни земји во светот.

ТОП 10 НАЈБЕЗБЕДНИ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ЗА 2020 ГОДИНА:

  1. ИСЛАНД
  2. НОВ ЗЕЛАНД
  3. ПОРТУГАЛИЈА
  4. АВСТРИЈА
  5. ДАНСКА
  6. КАНАДА
  7. СИНГАПУР
  8. ЧЕШКА
  9. ЈАПОНИЈА
  10. ШВАЈЦАРИЈА
Исланд   Photo: Square Lab/Unsplash

ИСЛАНД веќе 12-та година по ред е најбезбедна земја во светот. Со 340.000 жители, Исланд има многу ниско ниво на криминал, што се препишува на високиот стандард на живеење, силни социјални ставови против криминалот и високо ниво на доверба во нивната добро обучена, полициската сила. Исланд нема војска, а полицијата не носи огнено оружје со себе. Исто така, има закони за гарантирање на еднаквост, како што се: закони за истополови бракови и истополови посвојувања, верска слобода и еднаква плата за мажи и жени.