Едно чешко село секоја пролет станувало се поубаво благодарејќи на неговата 90- годишна жителка Агнес Каспаркова (Anežka Kašpárková). Оваа баба имала мисија да ги разубавува домовите на своите соседи и црквата во селото Лоука. Велела дека ужива изработувајќи ја својата уметност на фасадите на објектите, на кои сликала моравски мотиви во сина боја.
Иако постарите луѓе поголем дел од времето сакаат да го минуваат одмарајќи, Каспаркова која пред да се пензионира била земјоделски работник, изненадувала со својата креативност и ентузијазам кои ги прикажувала на 90-годишна возраст. Нејзин омилен простор за сликање била селската капела. За жал, починала во Март 2018 година, но останува да живее преку нејзината уметност, со која ова чешко село станало познато и надвор од границите на Чешка.
Крајниот резултат на нејзините уметнички дела навистина покажува дека уметноста не познава граници според возраста.
Погледнете дел од несекојдневната уметност на оваа супер бабичка: