Photo: Joe Ciciarelli/Unsplash

Патувањето започнува со поттик за посета на одредено место и со собирање информации за истото, а често се добива инспирација за посета и корисни совети од книги или прирачници за патувањa.

Листата на книги за патувања кои ви ги предлагаме, содржи книги и прирачници за ваша инспирација за следни дестинации, како и за уживање во пишаниот збор. Не ви ја откриваме целата содржина на книгите, туку сакаме само да ве заинтересираме за нив:

1. “Плажата” (“The Beach” од Alex Garland)

Авторот ни претставува идеален остров – навидум рај на земјата, остров кој понатаму се претвора во пекол за главниот лик Ричард и кој ќе го научи важни лекции за животот, ќе сфати дека рајот всушност и не е место каде што можеш да отидеш… По оваа книга е снимен и филм со истоимен наслов, со Леонардо Ди Каприо во главната улога.

 

2. “Алхемичарот” (“The Alchemist” од Paulo Coelho)

“Алхемичарот” е приказна за млад, андалузиски овчар кој тргнува во потрага по скриено богатство во египетските пирамиди. Патувајќи низ пустината, трагајќи по богатство, ќе открие дел од себе за кој и не знаел дека постои, што е всушност и целта на секое животно патувања.

 

3. “Средно печено” (“Medium raw” од Anthony Bourdain)

Нема патувач кој не слушнал за Ентони Бордејн и не изгледал барем неколку епизоди од неговата легендарна емисија “Без резервација” или не се пронашол во некојa неговa мисла за патувања. Во оваа книга се опишува како патувањата го промениле Бордејн, како научил да биде пољубезен и полесно да простува и како делува на него излегувањето од комфорната зона.

 

4. “Сама жена” (“A woman alone: Travel tales from around the globe” од Christina Henry de Tessan. Faith Conlon и Ingrid Emerick)

Oваа книга ќе ви помогне да го победите стравот од соло патување, страв кој повеќе владее кај женскиот род. Содржи патеписи на жени од целиот свет, кои патувале сами и се опишани разни ситуации и луѓе, со кои се соочиле во текот на овие патувања. Овие вистински приказни ќе ве инспирираат да го надминете стравот и да го “зграпчите” целиот свет.

 

5. “501 Патување” (“501 Must-take journeys” од David Brown)

Во оваа книга се опфатени 501 патување, од Сахара во Африка до Рутата 66 во Америка. Секое патување е подредено според локација и содржи корисни информации што треба да посетите, каде да одите и како да стигнете, поткрепени со прекрасни фотографии. Ова е книга која треба да ја има во библиотеката на секој љубител на патувања.

 

6. “Авантурите на Тинтин” (“The adventures of Tintin” од George Prosper Remi – Herge)

Ова е збирка на книги за најмладите патувачи и оние постарите кои сеуште се чувствуваат како деца во душата, за авантурите на еден новинар и неговото куче кои шетаат низ светот и ќе ве однесат и до Египет, Тибет и Конго. Многу патувачи раскажуваат дека Тинтин им го одбележал детството и ги поттикнал на запознавање на светот.

 

7. “Јади, моли се, уживај” (“Eat, pray, love од Elizabeth Gilbert)

Најпознатото дело на авторката Гилберт ги следи патувањата на една жена која останува со скршено срце и решава да ги закрепне своето тело во Италија и својата душата во Индија, за да патот ја однесе до Бали и до нова љубов. И по оваа книга е снимен истоимен филм со Џулија Робертс во главната улога.

8. “Уметност на патувањето” (“The art of travel” од Alain de Botton)

Филозофот и критичар Ботон објаснува зашто патуваме и откриваме вистини кои не сакаме да ги видиме и во кои не сакаме да веруваме, како на пример: замислите кои ги имаме за некое место пред да го посетиме (кои многу често се подобри од реалноста која ќе не’ пречека кога ќе стигнеме таму), како и наједноставни, секојдневни моменти од патувањата (кои најчесто ни остануваат во добро сеќавање) – моменти кои собрани го формираат целокупното доживување.

 

Дел од најдобите мисли за патувања на гореспоменатиот Ентони Бордејн може да прочитате на линкот:

Ентони Бордејн – најдобри мисли за патувањата