Photo: Markus Winkler/Unsplash

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air на одреден период прекина три авионски линии од својата база во Скопје.

Веќе не може да купите авионски билет од Скопје за: Торино (Италија), Билунд (Данска) и Турку (Финска) за оваа година. Овие линии ќе бидат обновени следната летна сезона, со почеток на летовите во последната недела од месец март 2023 година.

Оваа авиокомпанија исто така прекина голем број рути во текот на зимскиот период од своите други бази во поранешна Југославија, вклучувајќи ги и Белград и Тузла, а од Сараево е најголемото намалување на летови – до шест дестинации, кои ќе бидат стопирани до следната летна сезона.

Поопширно може да прочитате ТУКА.