188 Држави во светот се борат со Корона вирусот, но постојат и 14 земји во кои се уште не е регистриран позитивен случај на оваа болест.
Повеќето од овие 14 земји кои немаат пријавено заболен од Covid-19 се мали островски држави во Тихиот океан, со мал број на жители и со едни од најубавите плажи во светот:
1. Самоа – со популација од 200.000 жители, оваа земја ги затвори своите граници на почетокот на Март, забранувајќи влез и за бродови.
2. Маршалови острови – со популација од 60.000 жители оваа земја во Тихиот океан се уште нема регистрирано ниту еден заболен од вирусот.
3. Соломонови острови – оваа земја ги затвори своите граници на самиот почеток на пандемијата и сега разгледуваат опции како да ги вратат туристите, а да не го внесат вирус.
4.Тувалу – мала островска земја со 12.000 жители нема регистрирано заболен од вирусот.
5. Тонга – со популација од 100.000 жители оваа држава спроведе рестрикции уште во Март, со карантин за своите жители и затварање на своите граници – забрана за слетување на авиони и пристигнување на бродови.
6. Кирибати – со популација од над 110.000 жители, за да влезете во оваа држава треба да поминете 14 дена во земја во која нема случаи на Корона вирусот и да приложите негативен ПЦР тест.
7. Микронезија – државата составена од над 600 острови своите државјани, кои се враќаат во државата, ги става во задолжителен карантин.
8.Науру – мала држава во Тихиот океан со околу 10.000 жители досега нема ниту еден регистриран позитивен случај на Covid-19.
9. Палау – може да ја посетите оваа држава со 18.000 жители, но ќе бидете ставени во карантин веднаш по вашето пристигнување.
10. Кук острови – оваа држава нема пријавено заразен со Covid-19, но нивниот Премиер Joseph Williams е хоспитализиран со овој вирус во Нив Зеланд.
11. Вануату – мерките за спречување на ширење на вирусот во оваа држава започнаа во Март и ќе траат најмалку до крајот на оваа година.
12. Ниу – една од најмалите земји во светот со популација од 2.000 жители, која е блиску до Нов Зеланд, се уште нема регистрирано заболен од вирусот.
13. Туркменистан – оваа е една од земјите во светот во која е многу тешко да се влезе, но не може со сигурност да се тврди дека немаат ниту еден позитивен случај на вирусот, земајќи во предвид дека властите на Туркменистан тврдат дека таму досега нема ниту еден регистриран случај позитивен на ХИВ/Сида.
14. Северна Кореја – ова е земјата во која најтешко може да влезете, така што контактите со останатиот дел од светот им се сведени на минимум, своите граници ги затвори во Јануари и стави во карантин цел граничен град, но сепак не може точно да се потврди дали навистина немаат регистрирано ниту еден позитивен на Covid-19.
Иако немаат регистрирано заболени од Covid-19 не значи дека овие 14 држави немаат последици од пандемијата, земајќи во предвид дека овие држави (освен Туркменистан и Северна Кореја) најголем дел од своите годишни приходи ги остваруваат од туризам.