Саудиска Арабија спаѓа во групата на најзатворени држави во светот, но во последните години постепено се отвара за странски посетители и ги ублажува своите строги закони и правила на однесување, па така:
1. Сега секој може да аплицира за туристичка виза за Саудиска Арабија и на туристките им е дозволено да шетаат без абаја – традиционална црна наметка што го покрива целото телото. Ова е во сооднос со забраната која е тргната и за жените кои живеат во оваа земја, кои веќе не мораат да носат абаја и хиџаб во јавност, туку само марама на главата.
2. Од 2018 година дозволено им е и на жените да полагаат за возачка дозвола и да возат автомобили.
3. Од 1983 до 2018 во Саудиска Арабија биле забранети сите кина. Во 2018 била тргната таа забрана, но во филмовите кои се прикажуваат цензурирани се сите сцени со бакнување.
4. Најголемо движење има во трговските центри кои се огромни и луѓето најголем дел од слободното време го поминуваат во нив, бидејќи се целосно климатизирани, додека надворешната температура се движи и до 45-от Целзиусов степен.
5. Во продавниците нема гардероби, луѓето ја пробуваат купената облека дома и ако не им се допаѓа ја враќаат назад.
6. Кралското семјество во Саудиска Арабија има околу 15.000 членови, но најголем дел од богатството е распределено само на 2.000 од нив. Па така, може да сретнете многу принцови и принцези по ресторани и продавници како се расфрлаат со пари.
7. Рестораните и кафе баровите се поделени на два дела: дел за неженети мажи и дел за семејства и немажени девојки.
8. Немаат доволно камили, па ги увезуваат од Австралија. Секоја година се одржува натревар за убавина на камили, а сопственикот на победничката камила добива голема парична награда.
9. Најпопуларен женски спорт е фудбалот.
10. Се молат 5 пати во текот на денот и за време на молитвите не работат продавниците, кафулињата и бензинските пумпи.
11. Постои Полиција на моралот, која внимава на редот и однесувањето на луѓето во јавноста – дали жените се соодветно облечени, дали паровите се однесуваат непристојно на улица, дали некој продава нелегални супстанции и сл. Оваа полиција сега може да даде само усна опомена, додека во минатото можела да ги осуди граѓаните на удари со стап, парична казна или затвор.
12. Ако некогаш посакате да ја посетите оваа земја, ќе може да се сместите во најголемиот хотел во светот Abraj Kudai во Мека, кој се уште е во изградба, а ќе содржи: 10.000 соби, 70 ресторани и 4 хелиодроми распоредени во 12 облакодери, од кои 10 облакодери ќе бидат со 4 ѕвезди, а 2 облакодери со 5 ѕвезди. Пет ката од овој хотел ќе бидат наменети само за кралското семејство.