Photo: Wael Hneini/Unsplash

Погледнете како спектакуларно Дубаи означи крај на карантинот ставен заради вирусот Covid-19. Во видео властите на Дубаи се заблагодарија на хероите од првите борбени редови – доктори, полицајци, пожарникари и војници, кои неуморно работат за доброто на народот, како и на сите останати жители на оваа земја.

Видеото започнува со порака од шеикот на Дубаи, Мохамед бин Рашид Ал Мактоум: “Ништо не е невозможно кога постои верба и посветеност.”

Меѓу другото, на небото над Дубаи 120 дронови испишаа пораки: “ви благодариме херои”, “заедно сме посилни” и илустрации на лице со маска и со одржување на социјална дистанца од 2 метри: