Најголемата градба во светот – Големиот Кинески ѕид е едно од новите седум светски чуда кои беа прогласени во 2007 година. Останатите шест се: Петра во Јордан, Мачу Пикчу во Перу, Таџ Махал во Индија, Римскиот Колосеум во Италија, Статуата на Исус во Бразил и Чичен Ица во Мексико.

Кинескиот ѕид бил изграден за да ја заштити Кина од непријатели и напади од Север, особено од Монголците, за кои сепак не претставувал невозможна пречка да влезат на територијата на Кина.

Започнува во средна Азија завршува во Жолтото море, со должина од 2.450 километри, со висина од 10 до 16 метри, а ширина до 8 метри. Неговата изградба започнала околу 3-от век пред нашата ера и траела до 17-от век. Од 1987 године е под заштита на УНЕСКО. Граден е од земја, камења и цигли, некои делови му се уништени, а некои се добро зачувани.

Поточно, Кинескиот ѕид започнува во Хусан, Лиаонинг на исток и завршува на преминот Ауијагуан, Гансу на запад, преку: Лиаонинг, Хебеј, Пекинг, Тијанџин, Шанкси, внатрешна Монголија, Нингсија, Гансу и Кингхаи.

Интересен е крајот на ѕидот – во местото Лаолонгтоу оваа огромна градба завршува во водите на Бохајското море, кое е дел од Жолтото море. Местото се нарекува “Глава на стариот змеј”, бидејќи наликува на змеј кој пие вода.