Marc/Airbnb

Ако ве фасцинирале замоците од приказните за деца и цртаните филмови, ова е добра можност да поминете неколку дена во еден таков средновековен замок и тоа за многу пристапна цена и на убава локација.

Замокот се наоѓа во Џирона, Шпанија, опкружен со планини и реки, изграден во Х-от век, а може да прими вкупно 16 гости во 8 спални соби и 4 бањи. Исто така, добередојдени се и домашни миленичиња, а сопствениците на замокот ви стојат на располагање во текот на целиот престој. На имотот има и црква во која може да се одржуваат венчавки.

Marc/Airbnb
Marc/Airbnb

На Airbnb.com замокот може да се изнајми за 380 долари од ноќ, а ако се соберете 16 луѓе, тогаш ќе ве чини по 23,75 долари од човек за едно ноќевање. Исто така, на оваа цена следува 25% попуст ако го изнајмите за престој во должина од една недела и 50% попуст ако го изнајмите за престој од еден месец.

Неколку фотографии од просториите во замокот, како поттик за едно несекојдневно доживување:

Marc/Airbnb
Marc/Airbnb
Marc/Airbnb
Marc/Airbnb