Photo: Antonio Sessa/Unsplash

Сицилија е една од најпосакуваните дестинации за венчавка, полна со средновековни цркви, барокни палати и пространи вили со поглед на море, но пандемијата од Covid-19 откажала над 70.000 венчавки во Италија, кои само на Сицилија и’ носеле годишен приход од 50 милиони евра.

За да ги вратат венчавките на овој остров, како во времето пред светот да биде зафатен од пандемија, сицилијанските власти решиле да дадат по 3000 евра на секој пар кој ќе одлучи да стапи во брак на Сицилија. За оваа цел планирно е локалните власти да одвојат 3,5 милиони евра, а понудата важи до 31 јули 2021 година.

Photo: Antonio Sessa/Unsplash

Но, се уште не се јасно дефинирани критериумите за оваа понуда – дали важи само за жителите на Сицилија, за сите жители на Италија или и за странци кои сакаат да се венчаат на овој прекрасен остров.