Истражувачката компанија Euromonitor која има над 50 годишно искуство во глобални истражувања, објави листа на топ 100 градски дестинации во светот во 2024 година. Листата е составена според повеќе критериуми: економски и деловни перформанси, туристички перформанси, туристичка инфраструктура, туристичка политика и атрактивност, здравје и безбедност и одржливост.
Во топ 10 на оваа листа се 6 градови од Европа, а првото место го завзема Париз, второто Мадрид, а на трето место е Токио. Исто така, во топ 10 има по два града од Италија и Шпанија.
Топ 10 градови за туристичка посета за 2024 година:
1. Париз, Франција

2. Mадрид, Шпанија

3. Токио, Јапонија

4. Рим, Италија

5. Милано, Италија

6. Њујорк, САД

7. Амстердам, Холандија

8. Сиднеј, Австралија

9. Сингапур

10. Барселона, Шпанија
