Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air ги прекина летовите од Скопје за Барселона и од Скопје за Ларнака, како и од Охрид кон Милано, известува специјализираниот веб сајт за авиосообраќај EX-YU Aviation. Нема наведено причина зошто комплетно се укинуваат овие линии и нема информација дали и кога ќе бидат обновени.
Летовите од Скопје кон Барселона беа целосно прекинати на почетокот на пандемијата од Ковид-19 во 2020 година, но беа обновувани неколку пати, заклучно со декември 2021 година. Летовите од Скопје кон Ларнака беа прекинати на почетокот на пандемијата и не беа обновени.
Исто така, летовите од Охрид кон Милано (Малпенса) беа прекинати на почетокот на пандемијата во 2020 година. Моментално од Охрид со Wizz Air може да летате за Базел, додека од февруари ќе започнат летовите кон Меминген и Малме, а од март кон Лондон, Виена, Дортмунд и Фридрихсен.
Wizz Air воведува нова авиолинија Скопје – Торино, започнувајќи од 3 март 2021.