Грција ќе ги отвори границите со Северна Македонија и Албанија на 1 јули, наместо на 15 јуни, како што првично беше најавено. Ќе отворат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (граничен премин “Богородица”) кон нашата држава. – јави дописник на МИА од Атина.
“Во однос на копнените пристигнувања, од 1 јули имаме укинување на рестрикциите за Албанија и Северна Македонија, доколку сè оди добро”. – изјави министерот за туризам на Грција Харис Теохарис на денешната прес-конференција во пресрет на туристичката сезона.
Во периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови од Северна Македонија и Албанија, но само за основни и конкретни цели, а не и за туризам и само кон атинскиот аеродром. На аеродромот во Солун не се дозволени летови од нашата земја, како и од Албанија, а границата на Грција со Бугарија е отворена.
Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена во карантин во хотел-карантин.
Извор: МИА
Ова следува по вчерашната препорака на Европската комисија за укинување на ограничувањата за патувања за државјаните на сите земји од Западен Балкан – започнувајќи од 1 јули 2020 :