Photo: Jelena Kastaneti Instagram

Младата писателка од Хрватска, Јелена Кастанети периодов престојува во Африка, во Арушу – Танзанија, каде волонтира во изградба на библиотека и ја пишува својата нова книга “Соништа од Африка”. Јелена во Танзанија се спријателила со локалното население, а на еден од нив му го разубавела роденденот, изненадувајќи го со роденденска торта, која Дејвид ја добил за првпат во својот живот.

Со својата објава на Инстаграм за приготвување на роденденската торта, Јелена не остави никого рамнодушен, па многумина коментираат дека текстот ги расплакал, во исто време им течеле солзи и имале насмевка на лицето, па се до роденденски честитки за Дејвид и респект за Јелена.

Ова е рецептот на Јелена за приготвување на совршена торта во Африка:

“Прво, погрижете се тој ден, покрај различните состојки кои и онака ви недостасуваат, да нема ни струја ни вода. Земете бисквити, чоколадо и шлаг. Најдете и свеќички. Објаснете му на човек кој не разбира англиски, со раце и нозе, дека ви требаат банани од фармата, но никој да не види дека ги донел. Објаснете и’ на жена која не разбира англиски, со раце и нозе, дека ви треба кибрит, но дека никој не треба да знае. (Не сакате никој да собере 2 и 2.) Од кујната, без никој да види, земете една чинија, една чаша и една вилушка. Можеше да се земе и подобро од тоа, да, но во тие неколку секунди кога Дејвид не беше наоколу, изборот на прибор не беше толку лошо. Заклучете се во собата. Скршете ги бисквитите во чаша. Запомнете дека треба да ставите нешто во нив. Вратете се во кујната каде што моментално е Дејвид. Земете вилушка и земете маргарин колку што мислите дека е потребно. Се надевам дека тој не ве гледа како чудак кој јаде само маргарин на вилушка (можеше да земеш и лажица, но не е важно, и вака е добро). Вратете се во собата. Направете основа за овој обид за торта. Премачкајте ја со чоколадо. Додадете слој банани. Заклучете дека вашата торта нема висина. Додадете уште еден слој чоколадо и уште еден слој банани и уште еден слој чоколадо и уште еден слој банани. Сега е малку подобро. Избришете ја чашата и двете вилушки со влажни марамчиња, бидејќи немате вода. Користете ноктарица (не можете да се вратите во кујната да побарате нож или ножици, и онака веќе сте чудни) за да отворите тетрапак шлаг. Промешајте го во чашата додека не почувствувате дека раката речиси ви паѓа. Само да знаете, нема да биде густо. Кажете си дека тоа е во ред бидејќи ова и онака не изгледа како торта. Прелијте ја обидот за тортата со обидот за шлаг.

Однесете ја, што и да е, на Дејвид и почекајте … Ќе ви каже милион пати – благодарам. Ќе ви каже дека никогаш досега немал роденденска торта. И ќе ви каже дека е совршена. И тогаш ќе знаете дека рецептот за совршена торта за некого, во какви било услови е само да ја направите. 🎂”

Навистина е совршена торта, ќе се сложите.

На Инстаграм профилот на Јелена може да прочитате и други нејзини објави за животот во Африка.