Во време кога Италија со сите сили се бори да го победи Корона вирусот (COVID-19), некои од мерките кои ги превземаа тамошните власти доведоа и до некои неочекувани, но позитивни промени. Па така, евидентно е дека воздухот е помалку загаден во најпогодениот, северен дел на Италија, како последица од превземените мерки за карантин на целото население и забраната за движење.
Ова сосема сликовито се покажува во Венеција, каде каналите со вода, за првпат по 60-тина години станаа кристално чисти, па почнаа да се забележуваат и рибите во нив. Луѓето коментираат дека природата конечно ги превзема работите во свои раце, но ова се должи само на намалениот, скоро и никаков сообраќај на вапорети и бродови по каналите во изминатиов период, дозволувајќи им на седиментите да останат на дното на каналите.
Инаку, епидемијата од Корона вирусот е втор поголем проблем во последниов период со кој се соочува Венеција, само пред неколку месеци – во Ноември 2019 година беше погодена од поплава окарактеризирана како најтешка во последните 50 години, која резултираше со штети вредни стотици милиони евра.
Меѓу останатото, Венеција се соочува и со прекумерен туризам, тонење на историските објекти во водата, како и со исселување на жителите од градот.
Додека Венеција, за жал, паузира од туристи, можете да прочитате за симпатичните, мали ресторанчиња во нејзините улички (кои секако треба да ги посетите во иднина) на овој линк: