Венеција… не е само Мостот на Воздишките, плоштадот Сан Марко, магичните каналчиња кои пленат со својата убавина и малите мостови, Санта Марија Дела Салуте… Има едно мало ресторанче кое на туристите не им е многу познато, се вика Bacaretо da Lele. Се наоѓа покрај канал, на ќоше, масичките се заменети со буренца, се е минијатурно и вкусно, а и ефтино!

Да не ве заморувам премногу со читање, повелете фотографии и мапа како да стигнете до Да Леле. Јас со душа го чекам Јули за повторно да си зафатам буренце , да пијам аперол, винце и да јадам некое вкусно сендвиче.

Автор: Ц.С

Сите нејзини нови авантури може да ги следите на инстаграм профилот:

https://instagram.com/caci.vader.yordan?igshid=17jisy5nmyhw5

 

Во рубриката СПОДЕЛИ ДОЖИВУВАЊА сме отворени за споделување на авторски текстови на наши читатели кои сакаат да споделат впечатоци од нивна посета на место кое им оставило посебен впечаток, при што во објавениот текст – по желба на авторот на текстот , се објавува неговиот Инстаграм профил , на кој може да се следат сите негови наредни патувања.