Photos from Unsplash.com

Од секоја дестинација покрај презадоволни, се враќаат и незадоволни туристи од различни причини. Па затоа корисниците на Reddit започнале дискусија за светски дестинации во кои не би отишле никогаш повторно, а порталот Indy100 ги издвоил најдобрите коментари и направил попис по следните категории:

Држави кои не би ги посетиле повторно заради лош однос кон туристите: Тунис, Албанија, Малезија, Мавританија, Соломонски острови, Тајланд, Бахами, Виетнам.

Држави кои не би ги посетиле повторно заради многу питачи: Белизе, Мексико.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се досадни: Финска, Франција, Луксембург, Словачка.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се опасни: Хрватска, Хондурас, Сомалија, Венецуела.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се нечисти: Куба, Русија, Индија, Индонезија, Филипини.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се гласни: Италија.

Photo: Spencer Everett from Unsplash.com

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се премногу сиромашни: Хаити, Јамајка, Парагвај.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се скапи: Данска, Норвешка, Словенија.

Држави кои не би ги посетиле повторно заради изразен расизам: САД.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се груби/непријатни: Чешка, Грција, Либан, Романија, Саудиска Арабија, Швајцарија, Турција.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи таму доживеале сексуално вознемирување: Египет, Мароко, Свазиланд.

Photo: Yash Golwala from Unsplash.com

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се сомнителни, страшни, опасни: Камбоџа.

Држави кои не би ги посетиле повторно заради лоши тоалети и транспорт: Кина.

Држави кои не би ги посетиле повторно бидејќи се премногу ладни и досадни: Канада.

Држави кои не би ги посетиле повторно заради војна: Авганистан, Ирак, Сирија, Јемен.

Photo: Meritt Thomas from Unsplash.com
Помеѓу дел од причините зошто одделна држава ја окарактеризирале во некоја од дадените категории –  еден турист ја опишал Хрватска како прекрасна земја за која нема ништо против, но е полна со екстремни националисти и некои момци им претеле на неговите родители, друг пак напишал за Бахами дека се прекрасно место, но со лоша атмосфера, а локалните жители се однесуваат како да не сакаат туристи и мразат да се занимаваат со нив.
Со дел од мислењата може ќе се согласите, а со дел не, сепак секоја држава заслужува да се посети барем еднаш, секако ако дозволуваат моменталите прилики во неа.