Дали претпоставувате каде се наоѓа најубавиот остров на светот? Секако, не мора потполно да се сложите со овој избор кој го направил магазинот “Time Out”, но ќе се сложите дека во Топ 10 листата на најубави острови во светот, навистина се вклучени едни од најубавите острови на оваа планета.
За најубав остров во светот е прогласен карибскиот остров Свети Вартоломеј, Мали Антили или скратено St.Barts. Опишан како тропски рај со сина вода, незаборавно зајдисонце и мноштво јахти и заштитен со тврдина од 17-от век, овој остров има долга историја, разновидна архитектура, гурмански ресторани и дизајнерски продавници.
Овој остров го открил Кристофер Колумбо на крајот од 15-от век и го именувал по својот брат. Островот се протега на 24 км2, со околу 9.000 жители, а годишно го посетуваат околу 300.000 туристи. Има две туристички сезони: првата е од декември до мај кога просечната температура изнесува 27 степени Целзијусови, а втората сезона е од јуни до ноември со просечна температура од 30 степени Целзијусови.
Понатаму листата продолжува со:
2. Бора Бора, Француска Полинезија
3. Кејп Бретон, Канада
4. Хвар, Хрватска
5. Аруба, Кралство Холандија
6. Искија, Италија
7. Палаван, Филипини
8. Галапагос, Еквадор
9. Занзибар, Танзанија
10. Кауаи, Хаваи
За најубавиот остров во Европа, може да прочитате: