Египет е егзотична дестинација за незаборавен одмор и допир со историјата низ вековите, која исто така е и евтина земја за посета, споредена со други егзотични дестинации.

Огромни, убаво уредени ресорти, кристално чисто и топло море со живописен морски свет – се тоа може да го доживеете со аранжмани во вредност од 400-500 евра па нагоре, вклучувајќи и авионски превоз во тој износ. Египет ни е достапен за летен одмор со чартер програмите на нашите туристички агенции, со сместување во Хургада и Шарм Ел Шеик.

Во видео снимено ова лето од страна на Роберт Дачешин погледнете што се тој успеа да купи за само 10 евра во земјата на фараоните, секако со задолжително ценкање:

Инаку, Роберт Дачешин е светски патник кој досега има посетено 65 земји во светот, а кој исто така е и дигитален маркетар, полиглот и меѓународен тениски судија кој им има судено на дел од најпознатите тенисери на денешницата, како: Надал, Мареј, Зверев, Тим, Дел Потро. Автор е и на три книги за патувања: “Писма од Јужна Америка”, “Прв туристички водич за Бања Лука” и “Водич за патување низ Босна и Херцеговина”.